После архивирањето на овој блог кој што започна паралелно со мојата активност на Coolinarika, еден извонреден сајт кој што ми ја разбуди креативноста и ми ги избруси кулинарските вештини, се префрлив на друга платформа и почнав буквално од нула.
Флертувањето со „Турлитава„, како што беше името на новиот гастро блог траеше неколку години, поточно до мојата преселба во Шведска и потоа едноставно замре. Замре ентузијазмот, замре желбата за блогирање и блогот отиде во вечните ловишта. Рецептите ги сочував и со тек на време ќе ги пренесувам овде.
Ќе пишувам кога ќе имам време и желба, бидејќи ова е блог за своја душа, без намера да се претвори во комерцијализирана алатка за заработка. Старите постови на овој блог се пишувани на босански јазик бидејќи кога се роди блогот, јас и моето семејство живеевме во Босна и Херцеговина и постовите беа пишувани и објавувани според тогашната инспирација. Можеби ќе ги реобјавувам изворно, но постои можност да бидат преведени и реобјавени на македонски јазик.
Ако ви се допаѓа таквиот стил на блогирање, повелете ѕирнете во мојот гастро свет.
Коментари
Постави коментар