Пређи на главни садржај

Есенска пита од јаболка

 Една од најомилените. Совршена во својата едноставност, симфонија на вкусови и ароми и совршен баланс на текстури. Есенска убавица без која за мене, есента не е есен.

Количините за оваа пита се за правоаголен сад за печење со внатрешни димензии од 17х23 цм. За поголема количина, двојно зголемете ги состојките. 

Во топла варијанта, совршено се љуби со топка сладолед од ванила, како контраст на топлите зачини кои што ги содржи ова мало мирисно парче рај.




СОСТОЈКИ

За долното тесто

  • 125 гр меко пченично брашно
  • 50 гр путер
  • 2 рамни супени лажици шеќер
  • 1/2 лажиче ѓумбир во прав
  • 1 полно лажиче прашок за печиво
  • 1 супена лажица јогурт
  • 1-2 лажици ледено студена вода (по потреба)


За филот во средина

  • 4 големи киселкасти јаболка
  • 2 супени лажици мед
  • 1 лажиче цимет во прав
  • сок од 1/2 лимон
  • 1 супена лажица гриз
  • 1/2 лажиче мелен кардамом/кардамон
  • 1/2 лажиче сушена кора од портокал


За горниот, сипкав слој

  • 100 гр меко пченично брашно
  • 50 гр мелен лешник (мелени бадеми или ореви се исто така во игра)
  • 80 гр путер
  • 4 рамни супени лажици шеќер

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ

Најлесниот и најбрзиот начин на подготовка е ако имате мултипрактик. Ништо страшно ако немате, ќе брцкате прстиња во брашно и путер и ќе си правите песок.

Најпрво почнувате со долното тесто. Путерот од фрижидер исецкан на коцки и додаден во сите наведени суви состојки  се трие меѓу дланките за да се направи како песок, потоа се додава јогуртот и евентуално водата, само колку да можете песочната текстура да ја претворите во топче тесто. Не месете и не стискајте многу, затоа што тестото ќе ви биде жилаво, а нам ни треба да се топи во устата. Ставете го во пластична фолија и оставете го во фрижидер најмалку 1/2 час. За тоа време подгответе го филот.



Излупете ги јаболката и извадете го средниот дел, каде што се семчињата. Насецкајте ги на четвртинки, а потоа на тенки ливчиња. Посипете ги со сокот од лимон и додадете ги медот и зачините. Промешајте и оставете на страна.
Сега направете го горниот слој. Соединете ги сувите состојки и со помош на студениот путер, направете трошки, триејќи ја смесата помеѓу дланките. Готово!

Време е за редење на слоевите. Сега вклучете ја рерната на 180 С. Извадете го тестото од фрижидер и ставете го помеѓу два листа хартија за печење. Со помош на оклагија, истенчете го до саканата форма на садот во кој што ќе ја печете питата. Доколку на едната страна имате повеќе тесто, слободно исечете го и додадете го таму каде што можеби ќе ви фали. Без проблем се крои и прекројува, бидејќи во текот на печењето секако ќе се формира во една база врз која ќе лежи филот.
Врз ова тесто ставете го филот. Сега е моментот да го додадете гризот, бидејќи во меѓувреме, јаболката пуштија сок и гризот има улога на тампон состојка која што ќе ја впие течноста и нема да дозволи да имате мокар, сланинест слој на дното. Сега, со рацете формирајте грутчиња (стискајте го тестото во дланката) од горниот песоклив слој и покријте го целиот фил.




Питата печете ја на средната решетка во рерната, на 180 С, едно 30 до 40 минути, во зависност од тоа како ви пече рерната. Кога е топла, исклучително тешко се вадат парчиња без да се растурат, па почекајте да биде млака за да може убаво да се исече и да се сервира.

Ве молам, немојте да користите маргарин, питата има многу малку состојки и штета е да се расипе тој прекрасен вкус кој што инаку го дава путерот.

Исто така, јаболката можете да ги замените со џем од сливи, кајсии или да насецкате праски или пак да ја направите со шумско овошје. Во тој случај, изоставете ги кардамомот и циметот, а додајте арома на ванила.










Коментари

Популарни постови са овог блога

Паштета од туна

Со години не купувам паштети, туку си ги правам сама. Сакам да знам од што се направени и со каков квалитет се состојките од кои што се направени истите.  Во недостиг на идеи за појадок, денес правев паштета од туна. Има многу варијации на тема паштета од туна; со додаток на кисели краставички, јајца, кисела павлака, мајонез, но јас повеќе го сакам оној чист, буквално "морски" вкус на паштетата.  Фина, ароматична, со свеж медитерански штих, како да ме повикува на патување по Медитеранот.  Ја намачкав на тостирано 'ржано лепче со семиња и  додадов сушени маслинки и свежа краставица.  Бомба од ароми, вкусови и свежина.  Потребни состојки 1 конзерва туна во вода 1 мааалечка главица кромид (ставив црвен кромид, има далеку понежна арома од жолтиот)  2 чешниња лук 1 полна кафена лажичка закиселени капари 1 полна лажичка дижон сенф 1 инчун од масло 1 супена лажица екстра девствено маслиново масло 1 лажичка ворчестер сос Сок од 1/4 лимон (+/- по вкус)  Мелен зелен бибер На врв на

Чоколаден кето пудинг

  Брзичко и лесничко кога ви се јаде нешто слатко, а мора да бидете на режим. Малово бомбиче е сочинето од само три главни состојки, а се прави многу брзо и лесно. Единствено мора да почекате и да поцупкате пред фрижидер додека да се излади и стегне. Состојки 60 мл млечна павлака за шлаг, без додаден шеќер 1 рамно лажиче мелен желатин 180 мл млечна павлака за шлаг, без додаден шеќер  2 рамни супени лажици еритритол 1 лажиче ванила екстракт 1 рамна супена лажица какао Начин на приготвување Измешајте 60 мл млечна павлака и желатинот и оставете ги на страна. Во сад за готвење измешајте ги преостанатите состојки и мешавината загревајте ја на рингла, на умерена јачина при тоа внимавајќи да не зоврие. Готово е кога ќе почнат да се прават мали, ситни меурчиња. Тргнете го садот од рингла и почекајте половина минута. Сега, додадете го набубрениот желатин. Најверојатно ќе имате грутчеста смеса, но без гајле, ќе се истопи во топлата мешавина. Добро промешајте со жица за матење и течната смеса ста

Гранола без шеќер

  Долго време мака мачев со наоѓање на гранола во која нема додадени шеќери, гликозен сируп, вештачки ароми и слично. И покрај огромната понуда во маркетите овде каде што живеам, моите здравствени потреби некако не се поклопуваа со истоимената понуда па решив да си направам сама нешто што ќе биде во согласност со моите потреби, а да не чини мало богатство. Се прави многу лесно, за околу половина час и за кратко време ќе имате одличен додадок за појадок. Количината на состојките си ја прилагодувате самите.  Од оваа количина добив една голема тегла. СОСТОЈКИ 80 гр ореви 50 гр ленено семе во зрно 50 гр непечено семе од тиква 50 грама непечен сончоглед 50 гр непечен лешник 80 гр путер од кикирики без додаден шеќер 15 гр протеин од ванила 2 лажици еритритол (опционо) суво овошје (опционо) НАЧИН НА ПОДГОТОВКА На плех од рерна ставете хартија за печење и вклучете ја рерната на 170 С. Оревите и лешниците истолчете ги но не многу ситно. Изборот на јатки зависи од желбите и потребите.  Во подлаб