Кето бургер лепчиња

 


Брзи, вкусни воздушести кето лепчиња, кои што можат да се комбинираат во различни варијанти: кето бургери, сендвичи, со некој намаз и сл. 

Се прават лесно, а погодни се и за замрзнување. 

СОСТОЈКИ

се мери со чаша со запремнина од 240 мл. 

  • 1 1/2 чаша бадемово брашно
  • 1/3 чаша кисела павлака
  • 4 лажици стопен путер
  • 2 јајца L големина
  • 1/2 лажиче сол
  • 2 рамни лажички прашак за пециво
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Во длабок сад со жица за матење се матат јајцата, се додава павлаката и стопениот и млак путер и повторно се мати за да се соединат сите мокри состојки. 
Се додаваат брашното, солта и прашакот за пециво и добро се меша. 
Се распоредуваат во 6 калапи за кето лебови или на плех обложен со хартија за печење, со лажица се формираат 6 диска. 



Се печат 12-15 минути во претходно загреана рерна на 200°С.

Печени, се префрлуваат на решетка и се оставаат во потполност да се изладат. 



Вака изладени можат да се замрзнат и да се користат по потреба. 



Коментари