Палачинки (crepes) без брашно

 


Оние кои што се на режим на исхрана со малку јаглени хидрати, сигурно си прават некоја ЛЦХФ/кето верзија на американски палачинки. 

Ги правам и јас, но дефинитивно не можат да избијат на прво место пред нежните, тенки crepes

Се прават од само 2 состојки. 😊

СОСТОЈКИ

  • 2 средно големи јајца
  • 50 гр крем сирење
  • Малку масло за премачкување на тавата
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Во блендер измиксајте ги јајцата и крем сирењето. По желба можете да додадете малку сол или засладувач по свој избор. Загрејте помало тавче со нелепливо дно, премачкајте го со салфетка натопена со малку масло за готвење и испечете палачинки. 



Филувајте ги со што сакате. Овие се филувани со домашен кето чоколаден крем. 😊

Коментари