Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за новембар, 2022

Чорба од црвена леќа

  Не сакам леќа. Уствари, не ја сакав додека не ја направив оваа чорба. 😊 Ова е веќе трета недела откако испробувам различни видови на храна за да видам која ми создава големи инсулински пикови и за да ја избегнувам во иднина. Денес беше ден за експериментирање со црвена леќа. 😊 Оваа чорба е готова за половина час и денес ми беше ручек. Мирисна, ароматична, зачинета таман колку да го заскокотка грлото, вистински пример за комфорт фуд и совршена контратежа на денешниот тмурен, врнежлив, типично есенски скандинавски ден.  Сонце во чинија. ❤ СОСТОЈКИ (за една длабока чинија чорба)  1 помала главица кромид 2 чешниња лук 50 гр сува (неварена) црвена леќа 1 коцка за супа (по избор)  Сол по вкус Бибер по вкус 1/2 лажиче куркума 1/4 лажиче кумин. НЕ ким!  1 лажица маслиново масло 1 лажица сок од лимон Каенски пипер по вкус 400-450 мл врела вода 2 лажици пелат домати или 1 лажица концентрат од домати 2 лажици сецкани листови коријандер Масло од сусам (опционо)  НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Ставете ги

Палачинки (crepes) без брашно

  Оние кои што се на режим на исхрана со малку јаглени хидрати, сигурно си прават некоја ЛЦХФ/кето верзија на американски палачинки.  Ги правам и јас, но дефинитивно не можат да избијат на прво место пред нежните, тенки crepes .  Се прават од само 2 состојки. 😊 СОСТОЈКИ 2 средно големи јајца 50 гр крем сирење Малку масло за премачкување на тавата НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Во блендер измиксајте ги јајцата и крем сирењето. По желба можете да додадете малку сол или засладувач по свој избор. Загрејте помало тавче со нелепливо дно, премачкајте го со салфетка натопена со малку масло за готвење и испечете палачинки.  Филувајте ги со што сакате. Овие се филувани со домашен кето чоколаден крем. 😊