Брзичко и лесничко кога ви се јаде нешто слатко, а мора да бидете на режим. Малово бомбиче е сочинето од само три главни состојки, а се прави многу брзо и лесно. Единствено мора да почекате и да поцупкате пред фрижидер додека да се излади и стегне.
Состојки
- 60 мл млечна павлака за шлаг, без додаден шеќер
- 1 рамно лажиче мелен желатин
- 180 мл млечна павлака за шлаг, без додаден шеќер
- 2 рамни супени лажици еритритол
- 1 лажиче ванила екстракт
- 1 рамна супена лажица какао
Начин на приготвување
Измешајте 60 мл млечна павлака и желатинот и оставете ги на страна. Во сад за готвење измешајте ги преостанатите состојки и мешавината загревајте ја на рингла, на умерена јачина при тоа внимавајќи да не зоврие. Готово е кога ќе почнат да се прават мали, ситни меурчиња. Тргнете го садот од рингла и почекајте половина минута. Сега, додадете го набубрениот желатин. Најверојатно ќе имате грутчеста смеса, но без гајле, ќе се истопи во топлата мешавина. Добро промешајте со жица за матење и течната смеса ставете ја во чашка или во мал сад. Оставете ја 2 часа во фрижидер, за да се стегне.
По желба, украсете со малку матена млечна павлака или додадете шумско овошје.
Воала! Сликичките ми се матнички, ама не ми се вадеше фотоапарат да штрацкам. Проштевајте.
Коментари
Постави коментар