Пређи на главни садржај

Гранола без шеќер

 




Долго време мака мачев со наоѓање на гранола во која нема додадени шеќери, гликозен сируп, вештачки ароми и слично. И покрај огромната понуда во маркетите овде каде што живеам, моите здравствени потреби некако не се поклопуваа со истоимената понуда па решив да си направам сама нешто што ќе биде во согласност со моите потреби, а да не чини мало богатство.

Се прави многу лесно, за околу половина час и за кратко време ќе имате одличен додадок за појадок. Количината на состојките си ја прилагодувате самите. 

Од оваа количина добив една голема тегла.

СОСТОЈКИ

  • 80 гр ореви
  • 50 гр ленено семе во зрно
  • 50 гр непечено семе од тиква
  • 50 грама непечен сончоглед
  • 50 гр непечен лешник
  • 80 гр путер од кикирики без додаден шеќер
  • 15 гр протеин од ванила
  • 2 лажици еритритол (опционо)
  • суво овошје (опционо)



НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

На плех од рерна ставете хартија за печење и вклучете ја рерната на 170 С. Оревите и лешниците истолчете ги но не многу ситно. Изборот на јатки зависи од желбите и потребите. 
Во подлабок сад ставете ги сите состојки и добро промешајте ги со лажица или со рака. Јас ги мешам со рака за да имам осет колку „песоклива„ треба да биде смесата. 
Кога сте добиле текстура на песок, смесата префрлете ја во плехот за печење, рамномерно распоредена во потенок слој.
Печете околу 15 до 20 минути со чести проверки. На половина од изминатото време, промешајте ја гранолата за да се испече рамномерно.





Оставете ја да се излади во плехот во кој што се печела и потоа соберете ја во адекватен сад со капак. 
Чувајте ја на темно и не многу топло место за да не ужегнат јатките.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Паштета од туна

Со години не купувам паштети, туку си ги правам сама. Сакам да знам од што се направени и со каков квалитет се состојките од кои што се направени истите.  Во недостиг на идеи за појадок, денес правев паштета од туна. Има многу варијации на тема паштета од туна; со додаток на кисели краставички, јајца, кисела павлака, мајонез, но јас повеќе го сакам оној чист, буквално "морски" вкус на паштетата.  Фина, ароматична, со свеж медитерански штих, како да ме повикува на патување по Медитеранот.  Ја намачкав на тостирано 'ржано лепче со семиња и  додадов сушени маслинки и свежа краставица.  Бомба од ароми, вкусови и свежина.  Потребни состојки 1 конзерва туна во вода 1 мааалечка главица кромид (ставив црвен кромид, има далеку понежна арома од жолтиот)  2 чешниња лук 1 полна кафена лажичка закиселени капари 1 полна лажичка дижон сенф 1 инчун од масло 1 супена лажица екстра девствено маслиново масло 1 лажичка ворчестер сос Сок од 1/4 лимон (+/- по вкус)  Мелен зелен бибер На врв на

Палачинки (crepes) без брашно

  Оние кои што се на режим на исхрана со малку јаглени хидрати, сигурно си прават некоја ЛЦХФ/кето верзија на американски палачинки.  Ги правам и јас, но дефинитивно не можат да избијат на прво место пред нежните, тенки crepes .  Се прават од само 2 состојки. 😊 СОСТОЈКИ 2 средно големи јајца 50 гр крем сирење Малку масло за премачкување на тавата НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Во блендер измиксајте ги јајцата и крем сирењето. По желба можете да додадете малку сол или засладувач по свој избор. Загрејте помало тавче со нелепливо дно, премачкајте го со салфетка натопена со малку масло за готвење и испечете палачинки.  Филувајте ги со што сакате. Овие се филувани со домашен кето чоколаден крем. 😊

Печени плескавици од тиквички

  Многу ги сакам и среќа моја што има каде да купам тиквички дури и во ова есенско време.  Денес ќе ми бидат и ручек и вечера. Со салата од гмечена краставица и грчки јогурт со копар, ова е совршен, лесничок и здрав оброк.  СОСТОЈКИ 2 средно големи тиквички 1 главица кромид 2 чешниња лук 1 лажиче сув рузмарин 30 гр рендан кашкавал или фета/овчо/кравјо/козјо сирење 1 јајце 2-3 лажици брашно (овде од наут)  Сол и бибер по вкус 1 лажица масло за мачкање на подлогата за печење 1 лажица сол, за ренданите тиквички НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Изрендајте ги тиквичките на крупната страна на рендето, посолете ги добро и ставете ги во цедалка околу половина час, за да пуштат вода.  Во меѓувреме во сецко или со ренде исецкајте/изрендајте ги кромидот и лукот. Тиквичките добро исцедете ги од течноста и додадете ги на кромидот и лукот. Додадете ги и останатите состојки, убаво измешајте и смесата оставете ја фрижидер околу еден час.  Вклучете ја рерната на 220 С. Извадете ја смесата од фрижидер, и од неа форм