Угаси ме, зар не видиш да горим? 🎶🎶🎶

 


Се стиховите од една од најпознатите нумери на легендарната музичка група "Парни ваљак". 😊

Сосема соодветна асоцијација за едно фино мезенце кое идеално се љуби со некоја фина полусува сорта црвено вино. Совршено! 

Станува збор за крушки со племенито сирење и мед, на подлога од крекер од зрна. 

Количините се произволни. 

СОСТОЈКИ

  • Крушки
  • Крекери или тостирани парчиња леб
  • Ореви
  • Плаво сирење, јас користев Saint Agur
  • Мед
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Крушките се мијат, се сушат со салвета, им се вади средишниот дел со семките и се сечат на подебели полумесечинки. Се редат врз крекерите или врз тостираните парчиња леб. Одозгора им се ставаат сирењето и кршените ореви и ова кратко се запекува, колку да се подрастопи сирењето. Топли се прелеваат со малку мед. 
Одлично одат со црвено вино и се совршен избор за саботниот филмски маратон. ❤














Коментари