Пређи на главни садржај

Колач од моркови и ореви, со фил од крем од лимон

 




Мал милион рецепти за колач со моркови, нели?

Еден е во низата, имам рецепти за неколку од нив ама овој ми е меѓу првите пет фаворити. 

Ако очекувате лесна текстура, ова не е најсреќниот избор за вас. Тешко, темно ароматично тесто кое што мириса на медењаци. Мириса на кора од портокал и се лепи на непцата. Потсетува на снежно попладне, детски џагор и мирис на планински чај со лимон, штотуку ставен во дебела керамичка шолја. Мириса на дома.

СОСТОЈКИ

За бисквитот

  • 200 гр остро пченично брашно
  • 150 гр мек кафеав шеќер (Мусковадо)
  • 2 јајца М големина на собна температура (околу 110 гр, мерени без лушпата)
  • 150 мл масло за готвење (не маслиново)
  • 200 гр крупно рендани моркови
  • 100 гр крупно дробени ореви
  • 1 лажиче прашак за пециво
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 2 лажички ѓумбир во прав
  • 1/2 лажичка мелен кардамом
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка сува мелена кора од портокал или 2 лажички рендана кора од свеж портокал
  • 1/4 лажичка сол
За филот одозгора
  • 250 мл шлаг (најубаво млечна павлака за шлаг, без шеќер)
  • 1 лимон (само сокот)
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 2 до врв полни лажици крем од лимон (lemon curd)



НАЧИН НА ПОДГОТВУВАЊЕ

Вклучете ја рерната на 170 С да се загрее додека го приготвувате бисквитното тесто. Со хартија за печење, обложете го дното на тркалезна форма за печење со пречник од 20 цм, а страниците на калапот намачкајте ги со масло за готвење. 

Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки, освен шеќерот. Во друг сад, кратко со миксер изматете ги јајцата, маслото и шеќерот и во оваа мешавина додадете ги сувите состојки. Измешајте со шпатула и додадете ги морковите и оревите. Смесата ќе биде многу густа и леплива ама ќе се разретчи малку кога ќе ги дадете ренданите моркови. Префрлете ја смесата во садот за печење и печете околу 55 до 60 минути. Времето на печење највеќе ќе зависи од тоа како пече вашата рерна и за да бидете сигурни дека бисквитот е печен, боцнете го со чепкалка. Ако излезе сува, колачот е готов, ако има траги од тесто на неа, мора уште да се пече.

Печениот колач ставете го на решетка да се излади, но не го вадете од калапот додека е се уште топол. 
Додека колачот се лади, подгответе го филот. Изматете шлаг, додадете го шеќерот во прав, сокот од лимон и кремот од лимон и матете кратко. Кога колачот ќе се излади, извадете го од обрачот и исфилувајте го одозгора. 




Најубав е кога ќе одлежи еден ден во фрижидер бидејќи аромите во потполност се развиваат. Печен, но без фил, може да се замрзне и се филува откако ќе се одмрзне.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Паштета од туна

Со години не купувам паштети, туку си ги правам сама. Сакам да знам од што се направени и со каков квалитет се состојките од кои што се направени истите.  Во недостиг на идеи за појадок, денес правев паштета од туна. Има многу варијации на тема паштета од туна; со додаток на кисели краставички, јајца, кисела павлака, мајонез, но јас повеќе го сакам оној чист, буквално "морски" вкус на паштетата.  Фина, ароматична, со свеж медитерански штих, како да ме повикува на патување по Медитеранот.  Ја намачкав на тостирано 'ржано лепче со семиња и  додадов сушени маслинки и свежа краставица.  Бомба од ароми, вкусови и свежина.  Потребни состојки 1 конзерва туна во вода 1 мааалечка главица кромид (ставив црвен кромид, има далеку понежна арома од жолтиот)  2 чешниња лук 1 полна кафена лажичка закиселени капари 1 полна лажичка дижон сенф 1 инчун од масло 1 супена лажица екстра девствено маслиново масло 1 лажичка ворчестер сос Сок од 1/4 лимон (+/- по вкус)  Ме...

Палачинки (crepes) без брашно

  Оние кои што се на режим на исхрана со малку јаглени хидрати, сигурно си прават некоја ЛЦХФ/кето верзија на американски палачинки.  Ги правам и јас, но дефинитивно не можат да избијат на прво место пред нежните, тенки crepes .  Се прават од само 2 состојки. 😊 СОСТОЈКИ 2 средно големи јајца 50 гр крем сирење Малку масло за премачкување на тавата НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Во блендер измиксајте ги јајцата и крем сирењето. По желба можете да додадете малку сол или засладувач по свој избор. Загрејте помало тавче со нелепливо дно, премачкајте го со салфетка натопена со малку масло за готвење и испечете палачинки.  Филувајте ги со што сакате. Овие се филувани со домашен кето чоколаден крем. 😊

Печени плескавици од тиквички

  Многу ги сакам и среќа моја што има каде да купам тиквички дури и во ова есенско време.  Денес ќе ми бидат и ручек и вечера. Со салата од гмечена краставица и грчки јогурт со копар, ова е совршен, лесничок и здрав оброк.  СОСТОЈКИ 2 средно големи тиквички 1 главица кромид 2 чешниња лук 1 лажиче сув рузмарин 30 гр рендан кашкавал или фета/овчо/кравјо/козјо сирење 1 јајце 2-3 лажици брашно (овде од наут)  Сол и бибер по вкус 1 лажица масло за мачкање на подлогата за печење 1 лажица сол, за ренданите тиквички НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Изрендајте ги тиквичките на крупната страна на рендето, посолете ги добро и ставете ги во цедалка околу половина час, за да пуштат вода.  Во меѓувреме во сецко или со ренде исецкајте/изрендајте ги кромидот и лукот. Тиквичките добро исцедете ги од течноста и додадете ги на кромидот и лукот. Додадете ги и останатите состојки, убаво измешајте и смесата оставете ја фрижидер околу еден час.  Вклучете ја рерната на 220 С. Извадете ја смеса...