Салата со халуми



 Многу сакам оброк салати! Брзи, економични (по принципот исчисти го фрижидерот од еден морков, половина краставица, половина кромид и сл.). Едноставни, практични, бидејќи можат да се носат на работа и да се изедат во паузата за ручек, а здрави и вкусни!

Ова е мојата верзија на оброк салата со халуми сирење и со зеленчук кој што во дадениот момент се наоѓаше во фрижидерот.

СОСТОЈКИ (за еден оброк)

  • 3 листови зелена салата
  • 5 шери домати
  • 3 ротквици
  • 1/2 морков
  • 1/2 свежа краставица, исчистена од семките
  • 1/2 главица црвен кромид
  • 3 парчиња халуми сирење, поделени на половинки
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици сок од лимон
  • 3 маслинки, за декорација
  • сол по вкус
  • шарен бибер по вкус




НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Измијте го зеленчукот и исецкајте го на поситни парчиња. Зачинете со емулзија направена од маслиново масло, сок од лимон, сол и бибер и ставете ја салатата во пригоден сад. 
Загрејте тава со нелепливо дно и испечете ги парчињата сирење. Топли ставете ги врз салатата.





Толку.

Коментари