Пређи на главни садржај

Крем од лешници и какао


Конечно, крем без палмино масло, без скриени шеќери и со лесно достапни состојки. Одличен крем од лешник и какао, мојата домашна „Нутела„.

СОСТОЈКИ

  • 150 гр непечен лешник
  • 80 гр путер
  • 150 мл млечна павлака за готвење
  • 5 рамни лажици еритритол (-/+, во зависност од тоа колку сакате да биде сладок)
  • 30 гр горко какао




НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Најпрвин испечете ги лешниците и додека се врели исчистете ги од внатрешната опна и веднаш ставете ги во блендер. Блендајте во кратки интервали додека не добиете лешник паста. На почетокот, лешниците ќе бидат класично мелени, но од топлината на самите лешници и на загреаните ножеви на блендерот, ќе почне да се создава паста од лешник. Должината на блендањето и самата текстура на пастата ќе зависи исклучиво од јачината на блендерот. Сега во оваа паста додадете ја загреаната павлака во која што сте го растопиле еритритолот, путерот и какаото и блендајте додека сите состојки не се соединат и не се претворат во една хомогена маса.

Топлиот крем префрлете го во тегла, но не затварајте со капак додека кремот во потполност не биде изладен, за да не се створи кондензација.  

Може да се чува и на собна температура и во фрижидер. Јас го чувам во фрижидер и рокот на трајност му од прилика еден месец.


Коментари

Популарни постови са овог блога

Паштета од туна

Со години не купувам паштети, туку си ги правам сама. Сакам да знам од што се направени и со каков квалитет се состојките од кои што се направени истите.  Во недостиг на идеи за појадок, денес правев паштета од туна. Има многу варијации на тема паштета од туна; со додаток на кисели краставички, јајца, кисела павлака, мајонез, но јас повеќе го сакам оној чист, буквално "морски" вкус на паштетата.  Фина, ароматична, со свеж медитерански штих, како да ме повикува на патување по Медитеранот.  Ја намачкав на тостирано 'ржано лепче со семиња и  додадов сушени маслинки и свежа краставица.  Бомба од ароми, вкусови и свежина.  Потребни состојки 1 конзерва туна во вода 1 мааалечка главица кромид (ставив црвен кромид, има далеку понежна арома од жолтиот)  2 чешниња лук 1 полна кафена лажичка закиселени капари 1 полна лажичка дижон сенф 1 инчун од масло 1 супена лажица екстра девствено маслиново масло 1 лажичка ворчестер сос Сок од 1/4 лимон (+/- по вкус)  Мелен зелен бибер На врв на

Палачинки (crepes) без брашно

  Оние кои што се на режим на исхрана со малку јаглени хидрати, сигурно си прават некоја ЛЦХФ/кето верзија на американски палачинки.  Ги правам и јас, но дефинитивно не можат да избијат на прво место пред нежните, тенки crepes .  Се прават од само 2 состојки. 😊 СОСТОЈКИ 2 средно големи јајца 50 гр крем сирење Малку масло за премачкување на тавата НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Во блендер измиксајте ги јајцата и крем сирењето. По желба можете да додадете малку сол или засладувач по свој избор. Загрејте помало тавче со нелепливо дно, премачкајте го со салфетка натопена со малку масло за готвење и испечете палачинки.  Филувајте ги со што сакате. Овие се филувани со домашен кето чоколаден крем. 😊

Печени плескавици од тиквички

  Многу ги сакам и среќа моја што има каде да купам тиквички дури и во ова есенско време.  Денес ќе ми бидат и ручек и вечера. Со салата од гмечена краставица и грчки јогурт со копар, ова е совршен, лесничок и здрав оброк.  СОСТОЈКИ 2 средно големи тиквички 1 главица кромид 2 чешниња лук 1 лажиче сув рузмарин 30 гр рендан кашкавал или фета/овчо/кравјо/козјо сирење 1 јајце 2-3 лажици брашно (овде од наут)  Сол и бибер по вкус 1 лажица масло за мачкање на подлогата за печење 1 лажица сол, за ренданите тиквички НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Изрендајте ги тиквичките на крупната страна на рендето, посолете ги добро и ставете ги во цедалка околу половина час, за да пуштат вода.  Во меѓувреме во сецко или со ренде исецкајте/изрендајте ги кромидот и лукот. Тиквичките добро исцедете ги од течноста и додадете ги на кромидот и лукот. Додадете ги и останатите состојки, убаво измешајте и смесата оставете ја фрижидер околу еден час.  Вклучете ја рерната на 220 С. Извадете ја смесата од фрижидер, и од неа форм