Многу ги сакам и среќа моја што има каде да купам тиквички дури и во ова есенско време.
Денес ќе ми бидат и ручек и вечера. Со салата од гмечена краставица и грчки јогурт со копар, ова е совршен, лесничок и здрав оброк.
СОСТОЈКИ
- 2 средно големи тиквички
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажиче сув рузмарин
- 30 гр рендан кашкавал или фета/овчо/кравјо/козјо сирење
- 1 јајце
- 2-3 лажици брашно (овде од наут)
- Сол и бибер по вкус
- 1 лажица масло за мачкање на подлогата за печење
- 1 лажица сол, за ренданите тиквички
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Изрендајте ги тиквичките на крупната страна на рендето, посолете ги добро и ставете ги во цедалка околу половина час, за да пуштат вода.
Во меѓувреме во сецко или со ренде исецкајте/изрендајте ги кромидот и лукот. Тиквичките добро исцедете ги од течноста и додадете ги на кромидот и лукот. Додадете ги и останатите состојки, убаво измешајте и смесата оставете ја фрижидер околу еден час.
Вклучете ја рерната на 220 С. Извадете ја смесата од фрижидер, и од неа формирајте потенки плескавици кои што ќе ги редите на плех од рерна, прекриен со намастена хартија за печење.
Печете 15 - 20 минути, додека не поруменат од горната страна. Оставете ги во плехот, додека не се изладат малку и спремни се за јадење.
Од оваа смеса ми излегоа 8 плескавици.
Odlično 😋😋
ОдговориИзбриши