Оние кои што се на режим на исхрана со малку јаглени хидрати, сигурно си прават некоја ЛЦХФ/кето верзија на американски палачинки. Ги правам и јас, но дефинитивно не можат да избијат на прво место пред нежните, тенки crepes . Се прават од само 2 состојки. 😊 СОСТОЈКИ 2 средно големи јајца 50 гр крем сирење Малку масло за премачкување на тавата НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Во блендер измиксајте ги јајцата и крем сирењето. По желба можете да додадете малку сол или засладувач по свој избор. Загрејте помало тавче со нелепливо дно, премачкајте го со салфетка натопена со малку масло за готвење и испечете палачинки. Филувајте ги со што сакате. Овие се филувани со домашен кето чоколаден крем. 😊