Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови са ознаком Mediterranean meals

Чорба од црвена леќа

  Не сакам леќа. Уствари, не ја сакав додека не ја направив оваа чорба. 😊 Ова е веќе трета недела откако испробувам различни видови на храна за да видам која ми создава големи инсулински пикови и за да ја избегнувам во иднина. Денес беше ден за експериментирање со црвена леќа. 😊 Оваа чорба е готова за половина час и денес ми беше ручек. Мирисна, ароматична, зачинета таман колку да го заскокотка грлото, вистински пример за комфорт фуд и совршена контратежа на денешниот тмурен, врнежлив, типично есенски скандинавски ден.  Сонце во чинија. ❤ СОСТОЈКИ (за една длабока чинија чорба)  1 помала главица кромид 2 чешниња лук 50 гр сува (неварена) црвена леќа 1 коцка за супа (по избор)  Сол по вкус Бибер по вкус 1/2 лажиче куркума 1/4 лажиче кумин. НЕ ким!  1 лажица маслиново масло 1 лажица сок од лимон Каенски пипер по вкус 400-450 мл врела вода 2 лажици пелат домати или 1 лажица концентрат од домати 2 лажици сецкани листови коријандер Масло од сусам (опционо)  НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Ставете ги

Печени плескавици од тиквички

  Многу ги сакам и среќа моја што има каде да купам тиквички дури и во ова есенско време.  Денес ќе ми бидат и ручек и вечера. Со салата од гмечена краставица и грчки јогурт со копар, ова е совршен, лесничок и здрав оброк.  СОСТОЈКИ 2 средно големи тиквички 1 главица кромид 2 чешниња лук 1 лажиче сув рузмарин 30 гр рендан кашкавал или фета/овчо/кравјо/козјо сирење 1 јајце 2-3 лажици брашно (овде од наут)  Сол и бибер по вкус 1 лажица масло за мачкање на подлогата за печење 1 лажица сол, за ренданите тиквички НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Изрендајте ги тиквичките на крупната страна на рендето, посолете ги добро и ставете ги во цедалка околу половина час, за да пуштат вода.  Во меѓувреме во сецко или со ренде исецкајте/изрендајте ги кромидот и лукот. Тиквичките добро исцедете ги од течноста и додадете ги на кромидот и лукот. Додадете ги и останатите состојки, убаво измешајте и смесата оставете ја фрижидер околу еден час.  Вклучете ја рерната на 220 С. Извадете ја смесата од фрижидер, и од неа форм

Салата со халуми

 Многу сакам оброк салати! Брзи, економични (по принципот исчисти го фрижидерот од еден морков, половина краставица, половина кромид и сл.). Едноставни, практични, бидејќи можат да се носат на работа и да се изедат во паузата за ручек, а здрави и вкусни! Ова е мојата верзија на оброк салата со халуми сирење и со зеленчук кој што во дадениот момент се наоѓаше во фрижидерот. СОСТОЈКИ (за еден оброк) 3 листови зелена салата 5 шери домати 3 ротквици 1/2 морков 1/2 свежа краставица, исчистена од семките 1/2 главица црвен кромид 3 парчиња халуми сирење, поделени на половинки 1 лажица маслиново масло 2 лажици сок од лимон 3 маслинки, за декорација сол по вкус шарен бибер по вкус НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Измијте го зеленчукот и исецкајте го на поситни парчиња. Зачинете со емулзија направена од маслиново масло, сок од лимон, сол и бибер и ставете ја салатата во пригоден сад.  Загрејте тава со нелепливо дно и испечете ги парчињата сирење. Топли ставете ги врз салатата. Толку.