Пређи на главни садржај

Салата со халуми



 Многу сакам оброк салати! Брзи, економични (по принципот исчисти го фрижидерот од еден морков, половина краставица, половина кромид и сл.). Едноставни, практични, бидејќи можат да се носат на работа и да се изедат во паузата за ручек, а здрави и вкусни!

Ова е мојата верзија на оброк салата со халуми сирење и со зеленчук кој што во дадениот момент се наоѓаше во фрижидерот.

СОСТОЈКИ (за еден оброк)

  • 3 листови зелена салата
  • 5 шери домати
  • 3 ротквици
  • 1/2 морков
  • 1/2 свежа краставица, исчистена од семките
  • 1/2 главица црвен кромид
  • 3 парчиња халуми сирење, поделени на половинки
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици сок од лимон
  • 3 маслинки, за декорација
  • сол по вкус
  • шарен бибер по вкус




НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Измијте го зеленчукот и исецкајте го на поситни парчиња. Зачинете со емулзија направена од маслиново масло, сок од лимон, сол и бибер и ставете ја салатата во пригоден сад. 
Загрејте тава со нелепливо дно и испечете ги парчињата сирење. Топли ставете ги врз салатата.





Толку.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Паштета од туна

Со години не купувам паштети, туку си ги правам сама. Сакам да знам од што се направени и со каков квалитет се состојките од кои што се направени истите.  Во недостиг на идеи за појадок, денес правев паштета од туна. Има многу варијации на тема паштета од туна; со додаток на кисели краставички, јајца, кисела павлака, мајонез, но јас повеќе го сакам оној чист, буквално "морски" вкус на паштетата.  Фина, ароматична, со свеж медитерански штих, како да ме повикува на патување по Медитеранот.  Ја намачкав на тостирано 'ржано лепче со семиња и  додадов сушени маслинки и свежа краставица.  Бомба од ароми, вкусови и свежина.  Потребни состојки 1 конзерва туна во вода 1 мааалечка главица кромид (ставив црвен кромид, има далеку понежна арома од жолтиот)  2 чешниња лук 1 полна кафена лажичка закиселени капари 1 полна лажичка дижон сенф 1 инчун од масло 1 супена лажица екстра девствено маслиново масло 1 лажичка ворчестер сос Сок од 1/4 лимон (+/- по вкус)  Мелен зелен бибер На врв на

Чоколаден кето пудинг

  Брзичко и лесничко кога ви се јаде нешто слатко, а мора да бидете на режим. Малово бомбиче е сочинето од само три главни состојки, а се прави многу брзо и лесно. Единствено мора да почекате и да поцупкате пред фрижидер додека да се излади и стегне. Состојки 60 мл млечна павлака за шлаг, без додаден шеќер 1 рамно лажиче мелен желатин 180 мл млечна павлака за шлаг, без додаден шеќер  2 рамни супени лажици еритритол 1 лажиче ванила екстракт 1 рамна супена лажица какао Начин на приготвување Измешајте 60 мл млечна павлака и желатинот и оставете ги на страна. Во сад за готвење измешајте ги преостанатите состојки и мешавината загревајте ја на рингла, на умерена јачина при тоа внимавајќи да не зоврие. Готово е кога ќе почнат да се прават мали, ситни меурчиња. Тргнете го садот од рингла и почекајте половина минута. Сега, додадете го набубрениот желатин. Најверојатно ќе имате грутчеста смеса, но без гајле, ќе се истопи во топлата мешавина. Добро промешајте со жица за матење и течната смеса ста

Гранола без шеќер

  Долго време мака мачев со наоѓање на гранола во која нема додадени шеќери, гликозен сируп, вештачки ароми и слично. И покрај огромната понуда во маркетите овде каде што живеам, моите здравствени потреби некако не се поклопуваа со истоимената понуда па решив да си направам сама нешто што ќе биде во согласност со моите потреби, а да не чини мало богатство. Се прави многу лесно, за околу половина час и за кратко време ќе имате одличен додадок за појадок. Количината на состојките си ја прилагодувате самите.  Од оваа количина добив една голема тегла. СОСТОЈКИ 80 гр ореви 50 гр ленено семе во зрно 50 гр непечено семе од тиква 50 грама непечен сончоглед 50 гр непечен лешник 80 гр путер од кикирики без додаден шеќер 15 гр протеин од ванила 2 лажици еритритол (опционо) суво овошје (опционо) НАЧИН НА ПОДГОТОВКА На плех од рерна ставете хартија за печење и вклучете ја рерната на 170 С. Оревите и лешниците истолчете ги но не многу ситно. Изборот на јатки зависи од желбите и потребите.  Во подлаб