Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови са ознаком salate

Салата со халуми

 Многу сакам оброк салати! Брзи, економични (по принципот исчисти го фрижидерот од еден морков, половина краставица, половина кромид и сл.). Едноставни, практични, бидејќи можат да се носат на работа и да се изедат во паузата за ручек, а здрави и вкусни! Ова е мојата верзија на оброк салата со халуми сирење и со зеленчук кој што во дадениот момент се наоѓаше во фрижидерот. СОСТОЈКИ (за еден оброк) 3 листови зелена салата 5 шери домати 3 ротквици 1/2 морков 1/2 свежа краставица, исчистена од семките 1/2 главица црвен кромид 3 парчиња халуми сирење, поделени на половинки 1 лажица маслиново масло 2 лажици сок од лимон 3 маслинки, за декорација сол по вкус шарен бибер по вкус НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Измијте го зеленчукот и исецкајте го на поситни парчиња. Зачинете со емулзија направена од маслиново масло, сок од лимон, сол и бибер и ставете ја салатата во пригоден сад.  Загрејте тава со нелепливо дно и испечете ги парчињата сирење. Топли ставете ги врз салатата. Толку.