Многу сакам оброк салати! Брзи, економични (по принципот исчисти го фрижидерот од еден морков, половина краставица, половина кромид и сл.). Едноставни, практични, бидејќи можат да се носат на работа и да се изедат во паузата за ручек, а здрави и вкусни! Ова е мојата верзија на оброк салата со халуми сирење и со зеленчук кој што во дадениот момент се наоѓаше во фрижидерот. СОСТОЈКИ (за еден оброк) 3 листови зелена салата 5 шери домати 3 ротквици 1/2 морков 1/2 свежа краставица, исчистена од семките 1/2 главица црвен кромид 3 парчиња халуми сирење, поделени на половинки 1 лажица маслиново масло 2 лажици сок од лимон 3 маслинки, за декорација сол по вкус шарен бибер по вкус НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Измијте го зеленчукот и исецкајте го на поситни парчиња. Зачинете со емулзија направена од маслиново масло, сок од лимон, сол и бибер и ставете ја салатата во пригоден сад. Загрејте тава со нелепливо дно и испечете ги парчињата сирење. Топли ставете ги врз салатата. Толку.