Пређи на главни садржај

Постови

Паштета од туна

Со години не купувам паштети, туку си ги правам сама. Сакам да знам од што се направени и со каков квалитет се состојките од кои што се направени истите.  Во недостиг на идеи за појадок, денес правев паштета од туна. Има многу варијации на тема паштета од туна; со додаток на кисели краставички, јајца, кисела павлака, мајонез, но јас повеќе го сакам оној чист, буквално "морски" вкус на паштетата.  Фина, ароматична, со свеж медитерански штих, како да ме повикува на патување по Медитеранот.  Ја намачкав на тостирано 'ржано лепче со семиња и  додадов сушени маслинки и свежа краставица.  Бомба од ароми, вкусови и свежина.  Потребни состојки 1 конзерва туна во вода 1 мааалечка главица кромид (ставив црвен кромид, има далеку понежна арома од жолтиот)  2 чешниња лук 1 полна кафена лажичка закиселени капари 1 полна лажичка дижон сенф 1 инчун од масло 1 супена лажица екстра девствено маслиново масло 1 лажичка ворчестер сос Сок од 1/4 лимон (+/- по вкус)  Мелен зелен бибер На врв на
Недавни постови

Мариниран тофу со брокула

  Тофуто како намирница ми има безброј пати прелетано низ моите бескрајни пребарувања во морето на рецепти на интернет, но никогаш не сум изразила желба да го пробам. До вчера.  Вчера купив тофу со намера конечно да го пробам и бидејќи не знаев што да очекувам во смисла на вкус, текстура и изглед, решив да го направам на еден од наједноставните начини на подготовка, мариниран и испечен во aifryer.  СОСТОЈКИ (за 2 лица)   * 180 гр тврд тофу * 4 лажици соја сос * 2 лажици оцет од ориз * 1 лажичка ѓумбир во прав * 1 лажичка сушен лук * 1/4 лажиче каенски пипер * 1 лажичка густин * 2-3 лажици масло од сусам * сусам (по желба)  * 2 чешниња лук * 300 гр цветови од брокула НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Исцедете го тофуто од водата и исечете го на помали коцки. Во подлабок сад ставете ги соја сосот, оцетот, ѓумбирот, сушениот лук и каенскиот пипер, добро измешајте и во оваа мешавина измаринирајте ги коцките тофу. За маринирање ви се доволни 15 минути.  Коцките тофу ставете ги во aifryer во еден слој и с

Рецепт 2 во 1: стаклени колачиња и кранцли

Стаклените кексичи се секогаш хит, особено ако имате мали децови. Се прават многу лесно, а еднакво се и вкусни.  Кога ми беа децата мали, секоја година ги правевме и со нив ја китевме новогодишната елка.  Во Шведска е речиси невозможно да се најдат тврди бомбони кои што се потребни за да се добие ефектот на чиста стаклена површина. Заради полнењето во прав, јас добив килибарна верзија што на крајот и не излезе толку лошо. Напротив ☺ СОСТОЈКИ: 400 гр брашно 1 јајце 170 гр шеќер во прав 220 гр путер 1/4 лажиче сода бикарбона ванил шеќер арома на горки бадеми (опционално)  тврди бомбони без полнење во средината НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Сите состојки мора да бидат на собна температура!  Во сад пенесто се мати путерот, се додава шеќерот во прав и ванил шеќерот.  Со непрекинато матење се додава јајцето и саканата арома. Јас додадов арома на горки бадеми, а може да се додаде арома на лимон, портокал и сл.  Се додава просеаното брашно и сода бикарбона и убаво се меси со раце. Се дели на два дела, с

Чорба од црвена леќа

  Не сакам леќа. Уствари, не ја сакав додека не ја направив оваа чорба. 😊 Ова е веќе трета недела откако испробувам различни видови на храна за да видам која ми создава големи инсулински пикови и за да ја избегнувам во иднина. Денес беше ден за експериментирање со црвена леќа. 😊 Оваа чорба е готова за половина час и денес ми беше ручек. Мирисна, ароматична, зачинета таман колку да го заскокотка грлото, вистински пример за комфорт фуд и совршена контратежа на денешниот тмурен, врнежлив, типично есенски скандинавски ден.  Сонце во чинија. ❤ СОСТОЈКИ (за една длабока чинија чорба)  1 помала главица кромид 2 чешниња лук 50 гр сува (неварена) црвена леќа 1 коцка за супа (по избор)  Сол по вкус Бибер по вкус 1/2 лажиче куркума 1/4 лажиче кумин. НЕ ким!  1 лажица маслиново масло 1 лажица сок од лимон Каенски пипер по вкус 400-450 мл врела вода 2 лажици пелат домати или 1 лажица концентрат од домати 2 лажици сецкани листови коријандер Масло од сусам (опционо)  НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Ставете ги

Палачинки (crepes) без брашно

  Оние кои што се на режим на исхрана со малку јаглени хидрати, сигурно си прават некоја ЛЦХФ/кето верзија на американски палачинки.  Ги правам и јас, но дефинитивно не можат да избијат на прво место пред нежните, тенки crepes .  Се прават од само 2 состојки. 😊 СОСТОЈКИ 2 средно големи јајца 50 гр крем сирење Малку масло за премачкување на тавата НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Во блендер измиксајте ги јајцата и крем сирењето. По желба можете да додадете малку сол или засладувач по свој избор. Загрејте помало тавче со нелепливо дно, премачкајте го со салфетка натопена со малку масло за готвење и испечете палачинки.  Филувајте ги со што сакате. Овие се филувани со домашен кето чоколаден крем. 😊

Веганско и кето тесто за пица

Пица може секогаш, во сите прилики, ладна или топла, не правам проблем. 😊 Меѓутоа, кога мораш да бидеш на посебен режим, не можеш да јадеш она што сакаш, туку она што мораш.  Мора да може, ништо не е невозможно само треба малку време за да дојдеш до возможното, односно прифатливо решение.  После мноогу лутања, експериментирања со различни состојки, конечно имам задоволувачко решение за тесто за пица кое што навистина по текстурата многу личи на обично тесто за пица од пченично брашно.  Е сега, проблемот е како да не се прави толку често за да не стане кето џанк фуд. 😊🙈🙊 Се прави многу лесно и многу брзо од само 3 главни состојки, а печената база може да се замрзне и да се искористи подоцна.  СОСТОЈКИ (за една пица)  75 гр кокосово брашно (не рендан кокос кој што го користиме за колачи)  1/4 лажиче сол 15 мл маслиново масло 240 мл топла вода (не врела)  1 лажица псилиум (psyllium husk)   НАЧИН НА ПОДГОТОВКА   Во подлабок сад со лажица измешајте ги сите состојки и потоа продолжете да

Кето бургер лепчиња

  Брзи, вкусни воздушести кето лепчиња, кои што можат да се комбинираат во различни варијанти: кето бургери, сендвичи, со некој намаз и сл.  Се прават лесно, а погодни се и за замрзнување.  СОСТОЈКИ се мери со чаша со запремнина од 240 мл.  1 1/2 чаша бадемово брашно 1/3 чаша кисела павлака 4 лажици стопен путер 2 јајца L големина 1/2 лажиче сол 2 рамни лажички прашак за пециво НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Во длабок сад со жица за матење се матат јајцата, се додава павлаката и стопениот и млак путер и повторно се мати за да се соединат сите мокри состојки.  Се додаваат брашното, солта и прашакот за пециво и добро се меша.  Се распоредуваат во 6 калапи за кето лебови или на плех обложен со хартија за печење, со лажица се формираат 6 диска.  Се печат 12-15 минути во претходно загреана рерна на 200°С. Печени, се префрлуваат на решетка и се оставаат во потполност да се изладат.  Вака изладени можат да се замрзнат и да се користат по потреба.