Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови са ознаком kreme

Палачинки (crepes) без брашно

  Оние кои што се на режим на исхрана со малку јаглени хидрати, сигурно си прават некоја ЛЦХФ/кето верзија на американски палачинки.  Ги правам и јас, но дефинитивно не можат да избијат на прво место пред нежните, тенки crepes .  Се прават од само 2 состојки. 😊 СОСТОЈКИ 2 средно големи јајца 50 гр крем сирење Малку масло за премачкување на тавата НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Во блендер измиксајте ги јајцата и крем сирењето. По желба можете да додадете малку сол или засладувач по свој избор. Загрејте помало тавче со нелепливо дно, премачкајте го со салфетка натопена со малку масло за готвење и испечете палачинки.  Филувајте ги со што сакате. Овие се филувани со домашен кето чоколаден крем. 😊

Неделно безделничарење води кон непромислени одлуки или зошто пак имам шишки?

  Имам природно виткана коса и кога не ја фенирам, се чешлам од бањање на бањање. Е, па недела е, дијаспора ги задржа старите навики и се избањав истовремено расчешлувајќи ги чворовите на задниот дел на главата, или што би рекле, на тилот. Трилерот кулминираше со една рака искубана коса и скршен чешел. Шмрц! Се исфенирав и седнав да се напијам кафе на раат и да ѕирнам што има на нет. Необјаснив момент е како стигнав да пребарувам фризури со шишки кои му прилегаат на тркалезно лице, јер такво имам. Десет минути подоцна се обидував да се привикнам на одразот во огледалото, додека онаа во мене вриштеше „зошто, побогу?!„ Зошто, затоа, готово е сеа! Во ред, ќе си напраам некое здраво благце за после, колку да го пребродам моментот на емоционално јадење џанк храна во вакви моменти. Подобро да не ја ни направев утешителната награда, затоа што јас ја јадев неа, а таа ме јадеше мене. Џизс! Ручекот ми го поправи утепаното его кое никој не може така да ти го срине, ко што можеш самиот да си го на

Крем од лешници и какао

Конечно, крем без палмино масло, без скриени шеќери и со лесно достапни состојки. Одличен крем од лешник и какао, мојата домашна „Нутела„. СОСТОЈКИ 150 гр непечен лешник 80 гр путер 150 мл млечна павлака за готвење 5 рамни лажици еритритол (-/+, во зависност од тоа колку сакате да биде сладок) 30 гр горко какао НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Најпрвин испечете ги лешниците и додека се врели исчистете ги од внатрешната опна и веднаш ставете ги во блендер. Блендајте во кратки интервали додека не добиете лешник паста. На почетокот, лешниците ќе бидат класично мелени, но од топлината на самите лешници и на загреаните ножеви на блендерот, ќе почне да се создава паста од лешник. Должината на блендањето и самата текстура на пастата ќе зависи исклучиво од јачината на блендерот. Сега во оваа паста додадете ја загреаната павлака во која што сте го растопиле еритритолот, путерот и какаото и блендајте додека сите состојки не се соединат и не се претворат во една хомогена маса. Топлиот крем префрлете го во тег

Чоколаден кето пудинг

  Брзичко и лесничко кога ви се јаде нешто слатко, а мора да бидете на режим. Малово бомбиче е сочинето од само три главни состојки, а се прави многу брзо и лесно. Единствено мора да почекате и да поцупкате пред фрижидер додека да се излади и стегне. Состојки 60 мл млечна павлака за шлаг, без додаден шеќер 1 рамно лажиче мелен желатин 180 мл млечна павлака за шлаг, без додаден шеќер  2 рамни супени лажици еритритол 1 лажиче ванила екстракт 1 рамна супена лажица какао Начин на приготвување Измешајте 60 мл млечна павлака и желатинот и оставете ги на страна. Во сад за готвење измешајте ги преостанатите состојки и мешавината загревајте ја на рингла, на умерена јачина при тоа внимавајќи да не зоврие. Готово е кога ќе почнат да се прават мали, ситни меурчиња. Тргнете го садот од рингла и почекајте половина минута. Сега, додадете го набубрениот желатин. Најверојатно ќе имате грутчеста смеса, но без гајле, ќе се истопи во топлата мешавина. Добро промешајте со жица за матење и течната смеса ста