Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови за септембар, 2022

Есенска пита од јаболка

 Една од најомилените. Совршена во својата едноставност, симфонија на вкусови и ароми и совршен баланс на текстури. Есенска убавица без која за мене, есента не е есен. Количините за оваа пита се за правоаголен сад за печење со внатрешни димензии од 17х23 цм. За поголема количина, двојно зголемете ги состојките.  Во топла варијанта, совршено се љуби со топка сладолед од ванила, како контраст на топлите зачини кои што ги содржи ова мало мирисно парче рај. СОСТОЈКИ За долното тесто 125 гр меко пченично брашно 50 гр путер 2 рамни супени лажици шеќер 1/2 лажиче ѓумбир во прав 1 полно лажиче прашок за печиво 1 супена лажица јогурт 1-2 лажици ледено студена вода (по потреба) За филот во средина 4 големи киселкасти јаболка 2 супени лажици мед 1 лажиче цимет во прав сок од 1/2 лимон 1 супена лажица гриз 1/2 лажиче мелен кардамом/кардамон 1/2 лажиче сушена кора од портокал За горниот, сипкав слој 100 гр меко пченично брашно 50 гр мелен лешник (мелени бадеми или ореви се исто така во игра) 80 гр

Враќање на корените

  После архивирањето на овој блог кој што започна паралелно со мојата активност на Coolinarika, еден извонреден сајт кој што ми ја разбуди креативноста и ми ги избруси кулинарските вештини, се префрлив на друга платформа и почнав буквално од нула.  Флертувањето со „Турлитава„, како што беше името на новиот гастро блог траеше неколку години, поточно до мојата преселба во Шведска и потоа едноставно замре. Замре ентузијазмот, замре желбата за блогирање и блогот отиде во вечните ловишта. Рецептите ги сочував и со тек на време ќе ги пренесувам овде. Ќе пишувам кога ќе имам време и желба, бидејќи ова е блог за своја душа, без намера да се претвори во комерцијализирана алатка за заработка. Старите постови на овој блог се пишувани на босански јазик бидејќи кога се роди блогот, јас и моето семејство  живеевме во Босна и Херцеговина и постовите беа пишувани и објавувани според тогашната инспирација. Можеби ќе ги реобјавувам изворно, но постои можност да бидат преведени и реобјавени на македонски