Пица може секогаш, во сите прилики, ладна или топла, не правам проблем. 😊 Меѓутоа, кога мораш да бидеш на посебен режим, не можеш да јадеш она што сакаш, туку она што мораш. Мора да може, ништо не е невозможно само треба малку време за да дојдеш до возможното, односно прифатливо решение. После мноогу лутања, експериментирања со различни состојки, конечно имам задоволувачко решение за тесто за пица кое што навистина по текстурата многу личи на обично тесто за пица од пченично брашно. Е сега, проблемот е како да не се прави толку често за да не стане кето џанк фуд. 😊🙈🙊 Се прави многу лесно и многу брзо од само 3 главни состојки, а печената база може да се замрзне и да се искористи подоцна. СОСТОЈКИ (за една пица) 75 гр кокосово брашно (не рендан кокос кој што го користиме за колачи) 1/4 лажиче сол 15 мл маслиново масло 240 мл топла вода (не врела) 1 лажица псилиум (psyllium husk) НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Во подлабок сад со лажица измешајте ги сите состојки и потоа продолжете да