Пређи на главни садржај

Постови

Приказују се постови са ознаком torte

За новото, за старото, за животот

Прво, едно големо извинување за читачката публика која малку или воопшто не разбира македонски јазик и онаа на која тешко и` оди читањето на кирилица. Ама ова е мој блог и мој пост и едноставно така ми дојде. И со ќеиф го пишувам постов. Најнапред една мала ретроспектива на годината што измина. Сакав јас да го напишам постов и порано, ама не стигнав. Крајот на годината ми го одбележаа неколку патувања надвор од местото каде што живеам и едноставно не стигнав да направам се` што си замислив. И знаете што? Баш ми е гајле. Да, да. За прв пат во животов не се јадам себеси зошто нешто не било онака како што сум си замислила јас. Ха! Бадник Минатиот Бадник, паричето „се падна„ во куќата. Исто како и пред минатата година. Исто како и годинава. Значи три пати едноподруго. И нека е така како што си е. Мене ми одговара да е во куќата. Конечно да се заврши и тој дел од мојот живот. Небаре мавзолеј правам или пирамида, а не едно куќиче. Му здодеав и на Бога и на народот со неа, ќе речат многум