Долго време мака мачев со наоѓање на гранола во која нема додадени шеќери, гликозен сируп, вештачки ароми и слично. И покрај огромната понуда во маркетите овде каде што живеам, моите здравствени потреби некако не се поклопуваа со истоимената понуда па решив да си направам сама нешто што ќе биде во согласност со моите потреби, а да не чини мало богатство. Се прави многу лесно, за околу половина час и за кратко време ќе имате одличен додадок за појадок. Количината на состојките си ја прилагодувате самите. Од оваа количина добив една голема тегла. СОСТОЈКИ 80 гр ореви 50 гр ленено семе во зрно 50 гр непечено семе од тиква 50 грама непечен сончоглед 50 гр непечен лешник 80 гр путер од кикирики без додаден шеќер 15 гр протеин од ванила 2 лажици еритритол (опционо) суво овошје (опционо) НАЧИН НА ПОДГОТОВКА На плех од рерна ставете хартија за печење и вклучете ја рерната на 170 С. Оревите и лешниците истолчете ги но не многу ситно. Изборот на јатки зависи од желбите и потребите. Во подлаб