Пређи на главни садржај

Постови

Веганско и кето тесто за пица

Пица може секогаш, во сите прилики, ладна или топла, не правам проблем. 😊 Меѓутоа, кога мораш да бидеш на посебен режим, не можеш да јадеш она што сакаш, туку она што мораш.  Мора да може, ништо не е невозможно само треба малку време за да дојдеш до возможното, односно прифатливо решение.  После мноогу лутања, експериментирања со различни состојки, конечно имам задоволувачко решение за тесто за пица кое што навистина по текстурата многу личи на обично тесто за пица од пченично брашно.  Е сега, проблемот е како да не се прави толку често за да не стане кето џанк фуд. 😊🙈🙊 Се прави многу лесно и многу брзо од само 3 главни состојки, а печената база може да се замрзне и да се искористи подоцна.  СОСТОЈКИ (за една пица)  75 гр кокосово брашно (не рендан кокос кој што го користиме за колачи)  1/4 лажиче сол 15 мл маслиново масло 240 мл топла вода (не врела)  1 лажица псилиум (psyllium husk)   НАЧИН НА ПОДГОТОВКА   Во подлабок сад со лажица измешајте ги сите состојки и потоа продолжете да

Кето бургер лепчиња

  Брзи, вкусни воздушести кето лепчиња, кои што можат да се комбинираат во различни варијанти: кето бургери, сендвичи, со некој намаз и сл.  Се прават лесно, а погодни се и за замрзнување.  СОСТОЈКИ се мери со чаша со запремнина од 240 мл.  1 1/2 чаша бадемово брашно 1/3 чаша кисела павлака 4 лажици стопен путер 2 јајца L големина 1/2 лажиче сол 2 рамни лажички прашак за пециво НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Во длабок сад со жица за матење се матат јајцата, се додава павлаката и стопениот и млак путер и повторно се мати за да се соединат сите мокри состојки.  Се додаваат брашното, солта и прашакот за пециво и добро се меша.  Се распоредуваат во 6 калапи за кето лебови или на плех обложен со хартија за печење, со лажица се формираат 6 диска.  Се печат 12-15 минути во претходно загреана рерна на 200°С. Печени, се префрлуваат на решетка и се оставаат во потполност да се изладат.  Вака изладени можат да се замрзнат и да се користат по потреба. 

Fröknäcke

  Fröknäcke или во превод плочки/двопек од семиња.  Без глутен, без млечни производи, без јајца, направен од семиња кои што во моментот ми беа достапни. И одличен!  Во Шведска, најчесто се јаде за појадок, наместо класичен леб, намачкан со путер врз кој се редат тркалца краставици, тркалца од варени јајца, парче жолто сирење или во превод, кашкавал. Јас го сакам со крем сирење или со џем или чоколаден крем.  Ги има да се купат, но се поприлично скапи и со додаток на брашно или продукти од пченица, па решив да си ги направам сама.  Се прават многу едноставно, а излегуваат многу плочки; цел плех од рерна (30х40 цм).  Ова беше мојот избор на семиња. Се мери со истата чашка со запремнина од 240 мл, а сите семиња се сурови, односно непечени.  СОСТОЈКИ   1 чаша семки од сончоглед 1 чаша семки од тиква 1 чаша ленено семе 1/2 чаша чиа семе 1/2 чаша сусам 1 супена лажица псилиум (може да се изостави, но подобро ја врзува смесата)  1/2 лажиче сол 1 1/2 чаша кокосово или брашно од бадеми 350 - 45

Потпечена свежа зелка со кременадлиња

  Од мала не сакав манџи, варива и било што со лажица, а особено не, манџа од свежа или како што си ја викаме дома, слатка зелка.  Овде во Шведска, ретко можеш да најдеш свежа зелка која што е погодна за варива, а на таква налетав минатата недела, планирајќи ја за едно друго јадење. Меѓутоа, сосема непланирано заврши во најомилената комбинација на Љубиша, зелка со мрсничко (фрагмент од култниот македонски филм "Самоуништување").  Бидејќи не го сакам мирисот на свежа готвена зелка, додадов уште една магична состојка, која што му даде една потполно друга димензија на целото јадење.  Ѕирнете во состојките за да откриете сами 😊 СОСТОЈКИ (за 3-4 лица)  Околу 1.5 кг свежа зелка, насецкана на резанки дебели околу 1 цм 1 голема лажица свинска маст 1 главица кромид 400 - 500 гр Свинско месо (овде свинско каре, но најубаво со врат или плешка)  Сол и бибер во зрно, по вкус 1 лажица мелен црвен пипер 1/2 лажиче каенски пипер или лут буковец 1/2 лажиче кумин (НЕ ким!)  НАЧИН НА ПОДГОТОВК

Неделно безделничарење води кон непромислени одлуки или зошто пак имам шишки?

  Имам природно виткана коса и кога не ја фенирам, се чешлам од бањање на бањање. Е, па недела е, дијаспора ги задржа старите навики и се избањав истовремено расчешлувајќи ги чворовите на задниот дел на главата, или што би рекле, на тилот. Трилерот кулминираше со една рака искубана коса и скршен чешел. Шмрц! Се исфенирав и седнав да се напијам кафе на раат и да ѕирнам што има на нет. Необјаснив момент е како стигнав да пребарувам фризури со шишки кои му прилегаат на тркалезно лице, јер такво имам. Десет минути подоцна се обидував да се привикнам на одразот во огледалото, додека онаа во мене вриштеше „зошто, побогу?!„ Зошто, затоа, готово е сеа! Во ред, ќе си напраам некое здраво благце за после, колку да го пребродам моментот на емоционално јадење џанк храна во вакви моменти. Подобро да не ја ни направев утешителната награда, затоа што јас ја јадев неа, а таа ме јадеше мене. Џизс! Ручекот ми го поправи утепаното его кое никој не може така да ти го срине, ко што можеш самиот да си го на

Угаси ме, зар не видиш да горим? 🎶🎶🎶

  Се стиховите од една од најпознатите нумери на легендарната музичка група "Парни ваљак". 😊 Сосема соодветна асоцијација за едно фино мезенце кое идеално се љуби со некоја фина полусува сорта црвено вино. Совршено!  Станува збор за крушки со племенито сирење и мед, на подлога од крекер од зрна.  Количините се произволни.  СОСТОЈКИ Крушки Крекери или тостирани парчиња леб Ореви Плаво сирење, јас користев Saint Agur Мед НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Крушките се мијат, се сушат со салвета, им се вади средишниот дел со семките и се сечат на подебели полумесечинки. Се редат врз крекерите или врз тостираните парчиња леб. Одозгора им се ставаат сирењето и кршените ореви и ова кратко се запекува, колку да се подрастопи сирењето. Топли се прелеваат со малку мед.  Одлично одат со црвено вино и се совршен избор за саботниот филмски маратон. ❤

Печени плескавици од тиквички

  Многу ги сакам и среќа моја што има каде да купам тиквички дури и во ова есенско време.  Денес ќе ми бидат и ручек и вечера. Со салата од гмечена краставица и грчки јогурт со копар, ова е совршен, лесничок и здрав оброк.  СОСТОЈКИ 2 средно големи тиквички 1 главица кромид 2 чешниња лук 1 лажиче сув рузмарин 30 гр рендан кашкавал или фета/овчо/кравјо/козјо сирење 1 јајце 2-3 лажици брашно (овде од наут)  Сол и бибер по вкус 1 лажица масло за мачкање на подлогата за печење 1 лажица сол, за ренданите тиквички НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Изрендајте ги тиквичките на крупната страна на рендето, посолете ги добро и ставете ги во цедалка околу половина час, за да пуштат вода.  Во меѓувреме во сецко или со ренде исецкајте/изрендајте ги кромидот и лукот. Тиквичките добро исцедете ги од течноста и додадете ги на кромидот и лукот. Додадете ги и останатите состојки, убаво измешајте и смесата оставете ја фрижидер околу еден час.  Вклучете ја рерната на 220 С. Извадете ја смесата од фрижидер, и од неа форм